РК Астраион во сабота против РК Македонија ЃП

Викендот започнува пролетниот дел од Првата ракометна лига, Група 1 и Група 2. Ракометарите на Астратион пролетниот дел од сезоната го стартуваат на домашен терен, против екипата на Македонија ЃП.

РК Астраион - екипа - 21.12.2019

РК Астраион во моментот е лидер на табелата во Првата лига – Група 1 со 37 освоени бодови, и важи за еден од фаворитите за влез во Суперлигата, додека РК Македонија ЃП е шесттопласирана со 20 бодови и без шанси за плеј-оф.
Судиски пар овој натпревар ќе бидат Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Сашо Младенов, исто така од Скопје. Натпреварот се игра во салата „Парк“ во Струмица со почеток од 18:30 часот.

Comments are closed.