Качевски ќе ја дели правдата меѓу Работнички и Академија Пандев

Академија Пандев во сабота ќе има тешко гостување на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде во рамки на 22. коло од ПМФЛ, силите ќе ги одмери со Работнички.

Работнички - Академија Пандев - Скопје - 4. коло ПМФЛ 4

Главен судија на овој натпревар ќе биде Качевски Јован од Струга, негови помошници ќе бидат Лика Куштрим од Кичево и Мацевски Ацо од Струга. Четврт судија на натпреварот ќе биде Грујоски Александар од Кичево. За делегат на натпреварот одреден е Исмаили Берат од Гостивар, додека контролор на натпреварот ќе биде Илиоски Петре од Прилеп.

Овој натпревар ќе биде вистинско дерби, а бодовите ќе бидат важни и за двете екипи. „Пандевци“ со новиот тренер Александар Таневски ќе бркаат прва победа во пролетта, додека Работнички кој имаше успешен старт во пролетниот дел од сезоната, ќе се обиде да дојде до трите посакувани бодови, во борбата за опстанок.

Во 4. коло од оваа сезона, Академија Пандев на гостински терен го совлада Работнички со 1:2, додека во Струмица, во рамки на 13. коло, двете екипи одиграа нерешено 1:1.

Натпреварот започнува во 13:00 часот.

Comments are closed.