Академија Пандев со реми над Шкупи обезбеди полуфинале од Купот на Македонија

Екипата на Академија Пандев, која минатата сезона го освој Купот на Македонија, денес ремизираше на реванш натпреварот со Шкупи, играјќи 1:1, а со тоа обезбеди полуфинале. Љупче Дориев беше стрелец на голот за Академија Пандев, додека Дарбое постигна гол за утеха на гостите. „Пандеви“ на првиот натпревар победија со 0:1.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - Куп на Македонија 2

Покрај Академија Пандев, полуфинале обезбедија Шкендија, Брегалница од Штип и Струга Трим Лум.

 

Comments are closed.