Беласица утре против Слобода Ужице на контролен натпревар

Екипата на Беласица, која со победа го започна пролетниот дел од сезоната, откако во Кочани славеше со 0:2 над Осогово, за утре закажа контролен натпревар против Слобода Ужице од Србија.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Беласица во моментот е на првото место во Втората лига – Исток, и важи за главен фаворит за влез во Првата лига, па контролниот натпревар со Слобода Ужице, ќе биде одличен тест, пред се за дербито против Брегалница во Штип, кое се игра на 14. март. Екипата на Слобода од Ужице во моментот се натпреварува во Западно моравската зона, трета по ранг лига, откако минатата сезона Слобода отпадна од Првата лига. Слобода Ужице се има натпреварува во српската Суперлига во сезона 2013-2014, а од истата отпаднала, откако завршила на последното место на табелата. Во моментот екипата на Слобода е на првото место на табелата и важи за фаворит кој би требало да се врати во Првата лига.

Пријателскиот натпревар помеѓу Беласица и Слобода Ужице се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток од 11:00 часот.

Comments are closed.