Тренчовски си поднесе оставка од Академија Пандев

Југослав Тренчовски повеќе не е тренер на струмичкиот прволигаш Академија Пандев, бидејќи поднесе неотповиклива оставка, по ремито од 0:0 со Борец од Велес.

Југослав Тренчовски - тренер на Академија Пандев

Академија Пандев веќе три месеци нема победа во ПМФЛ, па откако екипата влезе во длабока резултатска криза, тренерот Тренчовски реши да ја преземе одговорноста за лошите резултати, и си поднесе оставка.

Клубот мора брзо да најде решение за испразнетото тренерско столче, бидејќи во среда, „пандевци“ играат против Шкупи во Купот на Македонија, додека викендот ги очекува тежок натпревар против Работнички во рамките на 22. коло од ПМФЛ.

Под водство на Тренчовски, Академија Пандев го освои Купот на Македонија и двапати по ред обезбеди настапи во фудбалска Европа.

 

 

Comments are closed.