Карневалите во Струмица и во Прилеп нема да се одржат поради коронавирусот

Според извори од Владата за порталот 360 степени Владата на седница утре претпладне ќе донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови поради коронавирусот, најавува за “360 степени” .

Strumicki.karneval.SM2

Одлуката ќе била логична последица на предлогот што вечерва го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во земјава. Овој предлог, пак, доаѓа по препорака на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести кои сметаат дека масовните собирања може да придонесат за ширење на вирусот.

Одлуката на Владата ќе се однесува директно на карневалите што претстојниот викенд треба да се одржат во Струмица и во Прилеп, како и на спортските натпревари во следните денови

Comments are closed.