Академија Пандев во Струмица против Борец

Екипата на Академија Пандев во рамки на 21. коло од ПМФЛ, на домашен терен во Струмица, ќе го пречека Борец. „Пандевци“ моментално ја имаат најлошата форма од последните пет натпревари во Првата лига, бидејќи имаат запишано пет последователни порази. Струмичкиот прволигаш поради лошите резултати „падна“ на петтото место на табелата со 27 бодови.

АРХИВА

АРХИВА

Борец од Велес на последните пет натпревари во ПМФЛ, има запишано 3 порази, едно реми и една победа, но се далеку од очекувањата, бидејќи пролетниот дел го стартуваат со два порази. Велешкиот прволигаш се наоѓа на последното место на табелата со 20 освоени бодови.

Екипите ги загрижува фактот што од последното место на табелата, па се до второто место, бодовната разлика е мала, а тоа внесува неизвесност кога е во прашање опстанокот во лигата.

Покрај овој наптревар, во 21. коло од ПМФЛ, Струга Трим Лум на домашен терен ќе го пречека Силекс, Вардар ќе игра дерби натпревар со „ремонтираниот“ Работнички, кој започна да игра во одлична форма, Шкендија во Тетово ќе ја пречека Македонија ЃП, додека Шкупи ќе игра дерби со Ренова.

Comments are closed.