Академија Пандев „падна“ на 5. место на табелата во ПМФЛ

Екипата на Академија Пандев продолжува со резултатската криза, откако и во 20. коло претрпе пораз, овој пат од Македонија ЃП, со минимални 1:0 на гостински терен. „Пандевци“ на последните пет натпревари во ПМФЛ, имаат пет порази, што е голема резултатска криза, со оглед на фактот што тие „паднаа“ на петтото место на табелата со 27 освоени бодови.

АРХИВА

АРХИВА

Бодовната разлика помеѓу екипите, освен со лидерот Вардар не е голема, па тоа внесува доза неизвесност. Вардар е на првата позиција со 42 освоени бодови, Шкендија со 10 помалку е втора, додека на третото место е Силекс од Кратово со 31 бод. Македонија ЃП се искачи на четвртото место со 29 бодови, додека два бода помалку има сега петтопласираната Академија Пандев. Шкупи со 25 бодови е на шесттото место, додека на седмата позиција е Струга Трим Лум со 24 бодови. Осмопласирана е Ренова со 22 бодови, бод помалку има Работнички кој сега е деветти, додека Борец со 20 бодови е на последното место на табелата.

Во следното коло Академија Пандев во Струмица ќе игра против Борец, екипа која е на последната позиција на табелата со 20 освоени бодови.

Comments are closed.