Убедлива победа на КК Струмица над КК Борец

Кошаркарите на Струмица запишаа убедлива победа во 11. коло од Втората лига – Исток откако на домашен терен со 81:57 ја совладаа екипата на КК Борец од Велес.

ФОТО: Кошаркарски Клуб Струмица

ФОТО: Кошаркарски Клуб Струмица

Одличен натпревар на струмичките кошаркари над екипата која и го нанесе едниот од двата сезонски порази. Иако екипата на Борец е засилена со двајца нови играчи, сепак со одличната игра, КК Струмица запиша нова победа. Најефикасни во КК Струмица беа Благој Димитриев со 22 поени, Павле Михајлоски со 14 поени и Благој Динев со 11 поени.

Во следното коло, КК Струмица ќе гостува кај екипата на КК Шкупи, која во моментот се наоѓа на петтото место на табелата.

Comments are closed.