Викендот започнува Втората фудбалска лига – Беласица почнува од Кочани

Викендот што доаѓа започнува пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига – Исток и Запад. Беласица пролетниот дел од сезоната го отвара со гостувањето во Кочани, против екипата на Осогово. Струмичкте фудбалери есенскиот дел од сезоната го завршија на првото место со 34 бодови, додека Осогово со само 6 освоени бодови е на деветтото место на табелата.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Трката за првата позиција и место кое директно води во Првата лига ќе биде голема и долга. Беласица е лидер со 34 бодови, три помалку има Брегалница која е втора, додека Кит-Го со 30 бодови е веднаш зад штипската екипа. Тиквеш од Кавадарци со 27 бодови е на четвртото место, додека со бод помалку на петтото место е Кожуф. Саса од Македонска Каменица со 20 бодови е на шесттото место, Плачковица е седма со 12 бодови, бод помалку има Победа која е осма, Осогово е деветти со 6 бодови, и само три бода има Питу Гули кој се наоѓа на последното, десетто место.

 

Comments are closed.