Академија Пандев загуби на гостувањето кај Македонија ЃП

Екипата на Академија Пандев загуби на денешното гостување во Скопје, кај Македонија ЃП, со минимални 1:0, во натпревар од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. Овој неизвесен меч беше одлучен во судиското продолжение, откако беше досуден пенал за домашните, а Дејан Блажевски беше прецизен од белата точка.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ влегуваат во голема резултатска криза по денешниот пораз, бидејќи на последните 5 натпревари имаат пет порази. Со денешниот пораз, Академија Пандев се сели на петтото место на табелата со 27 освоени бодови, додека Македонија ЃП сега е четврта со 29 бодови. Лидер на табелата е Вардар со 42 бодови, 10 повеќе од актуелниот шампион Шкендија, која е втора.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе игра против Борец.

Comments are closed.