Познати судиите за дерби дуелот меѓу Академија Пандев и Шкендија

Академија Пандев во недела ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија на „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкендија - 1. коло - Младост - Струмица 10

Главен судија за овој дерби натпревар ќе биде Мечкаровски Димитар од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Петрески Гоце и Василевски Даниел од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Милошевиќ Милош од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Савов Жанко од Скопје, додека за контролот одреден е Ристески Марјан од Кичево. На овој натпревар ќе има и двајца дополнителни судии, а тоа се Влахо Константин и Костенчев Никола од Скопје.

Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Comments are closed.