Академија Пандев утре на контролка против Алтин Асир од Туркменистан

Фудбалерите на Академија Пандев утре против Алтин Асир од Туркменистан, ќе ја одиграат последната контролка предвидена за подготовките во Анталија, Турција. „Пандевци“ во петок се враќаат во Струмица, а од понеделник ќе ги започнат припремите за првиот натпревар од ПМФЛ во пролетниот дел од сезоната.

Академија Пандев - со два контролни натпревари во Анталија

Comments are closed.