КК Струмица загуби од КК ТФТ Скопје

Кошаркарите на КК Струмица загубија од КК ТФТ Скопје со резултат од 81:88 (21:18 17:28 19:15 24:27) во натпревар од осмото коло од Втората лига – Исток.

ФОТО: Кошаркарски Клуб Струмица

ФОТО: Кошаркарски Клуб Струмица

Во квалитетен и драматичен натпревар КК Струмица го доживеа вториот пораз во оваа натпреварувачка сезона. Поискусната екипа на ТФТ извојува заслужена победа на овој натпревар, во една неизвесна завршница каде гостите дојдоа до победата во последната минута.

Најефикасни кај КК Струмица беа: Макенаџиев со 26 поени, Абрашев 15 поени, Динев 13 поени и Георгиев со 12 уфрлени поени.

КК Струмица во моментот е третопласирана на табелата во Втората лига – Исток со вкупно 12 освоени бодови, бод повеќе има второпласираната екиа на Феникс 2010, додека лидер на табелата е ТФТ со 16 бодови.

Comments are closed.