Дани Димитровска на 22-ри февруари со концерт во Струмица

Агенцијата ЕВЕНТУМ на 22 февруари (сабота) во НУЦК „Антон Панов“ го организира концертот РОК СИМФОНИЈА со избор на рок класици за сите вкусови и генерации!Dani & Rock Symphony _ Eventum 2020

На сцената како солист ќе настапи Дани Димитровска во придружба на симфониски оркестар. „Хитовите на Muse, Queen, Tina Turner, Led Zeppelin, Cranberries, Scorpions, Radiohead и многу други ќе бидат изведени во специјални аранжмани на диригентот Владимир Димовски.

Дани Димитровска веќе 21 година пренесува љубов преку ноти на музичката сцена. Нејзиното име цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Овој пат во Струмица ни доаѓа со поинаков репертоар од вообичаено и заедно со симфонискиот оркестар ќе бидат совршен спој за енергична и незапирлива РОК СИМФОНИЈА“, велат од ЕВЕНТУМ. По две години од првото гостување на проектот, на 22 февруари нè очекува комплетно нова и женска верзија на оваа Рок симфонија. Продажбата на влезниците по цена од 250 денари започнува в петок (31 јануари) на билетарницата на НУЦК „Антон Панов“.

Comments are closed.