Академија Пандев одигра реми без голови со руска Балтика

Нерешен резултат без голови одиграа сениорите на Академија Пандев против рускиот тим Балтика во првиот контролен натпревар во Анталија, Турција.

Академија Пандев - Балтика (Русија) - контролка во Анталија, Турција

„Имавме неколку изгледни шанси за гол кои не успеавме да ги реализираме. Следната контролка ја играме во среда против Спартак Суботица од Србија“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Стартниот состав за Академија Пандев беше: Чубраковиќ, Јованов, Гранчов, Костов, Цикарски, Томовски, Стојкоски, Мујеци, Пандев, Миловановиќ, Танушев.

Во вториот дел влегоа во игра: Муканов, Илиев, Дориев, Димов, Глигоров, Парталко, Крстовски, Велиновски, Талаков, Крстевски, Донов.

Comments are closed.