Академија Пандев на подготовки во Анталија

Сениорскиот тим на Академија Пандев за главниот дел од подготовки ќе биде сместен во Анталија, Турција. Веќе се закажени пет контролни натпревари, од кој едниот се одига денес протв Балтика (Русија) кој се одигра денес. Во овој натпревар „пандевци“ одиграа нерешено без голови.

Академија Пандев - на подготовки во Анталија

Спартак Суботица (Србија) на 29.01, Септември Софија (Бугарија) на 01.02, Ротор (Русија) на 04.02 и последната контролка против Алтин Асир (Туркемистан) на 06.02, ден пред враќањето во Струмица.

„Тренерот Југослав Тренчовски во Анталија на располагање ќе ги има сите фудбалери од првиот тим, а драгоцено искуство ќе добијат и помладите фудбалери од младинската школа кои се вклучени во сениорскиот тим“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.