Академија Пандев продолжува со потпишување на професионални договори со деца кои произлегуваат од сопствената младинска школа

Професионални договори за Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров, од клубот заминуваат Давид Атанаскоски и Михаил Маневски.

Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров - договори со Академија Пандев

„Академија Пандев продолжува со потпишување на професионални договори со деца кои произлегуваат од сопствената младинска школа, па така денес прв професионален договор потпишаа Донов, Крстевски и Глигоров. Истите веќе тренираат со сениорскиот тим и се вклучени во тренажниот процес и контролните натпревари кои ќе ги одиграме на подготовките во Анталија. По взаемена согласност помеѓу клубот и играчите Давид Атанаскоски и Михаил Маневски беше потпишан предвремен раскин на договорите кои им истекуваа на лето. И на двајцата им благодариме за се што досега прикажаа за нашиот тим и им посакуваме успешна понатамошна кариера“, истакнаа од Академија Пандев.

Comments are closed.