Академија Пандев ќе одигра пет контролки во Анталија

Екипата на Академија Пандев која главниот дел од подготовките ќе го направи во Анталија, договори пет пријателски натпревари кои треба да ги одигра, со цел да ја тестира својата форма за вториот дел од првенството во Првата лига.

„Пандевци“ ќе се тестираат со екипи од Србија, Бугарија, Туркменистан и Русија.

Академија Пандев - подготовки за пролеттен дел 08.01.2020

Првиот натпревар Академија Пандев го игра веќе утре со екипата на Беласица од Петрич, Бугарија на гостински терен. Во Анталија, „Пандевци“ ќе играат со Балтика, руски прволигаш. Следен тест ќе биде Спартак Суботица од Србија, за потоа да ги одмерат силите со бугарскиот Септември, екипа од Софија. Академија Пандев ќе одигра и пријателски натпревар со екипата на Ротор од Русија, додека последниот тест ќе биде со Алтин Асир од Туркменистан.

Академија Пандев пролеттниот дел од сезоната ќе го стартуваат од третата позиција со 27 бодови, пред нив се Шкендија која е втора со бод повеќе и Вардар кој е лидер со 36 бодови.

 

 

Comments are closed.