Академија Пандев се подготвува за вториот дел од првенството во ПМФЛ

Сениорскиот тим на Академија Пандев од 8 јануари ги стартуваше подготовките за вториор дел од сезоната. Првиот дел од припремите ќе се одработи во Струмица, а екипата на 24ти јануари ќе замине за Анталија – Турција, каде се до 7 февруари ќе се продолжи со вториот дел од припремите и ќе се одиграат шест контролни натпревари.

Академија Пандев - подготовки за пролеттен дел 08.01.2020

Академија Пандев ја напуштија Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски, додека како засилувања во Академија Пандев дојдоа Ангел Гранчов кој беше првото засилување за „Пандевци“, потоа Ндуе Мујеци, Бојан Најденов. Академија Пандев мисли и на својата иднина. Освен засилувања во сениорскиот тим кои ќе донесат искуство, потпис на првиот професионален договор во кариерата стави и 16-годишниот Мартин Талаков кој е член на пионерската екипа на Академија Пандев и репрезентативец на Македонија У17.

Comments are closed.