РК Астраион гостува во Штип кај РК Текстилец

Ракометарите на РК Астраион утре ќе гостуваат во Штип, кај екипата на РК Текстилец, во натпревар од 16. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - РК Алушовски - Струмица - 15. коло Прва ракометна лига - Група 1

Астраион влегува како апсолутен фаворит за победа на овој натпревар, поради подобрата форма и екипа. Струмичани во моментот се лидери на табелата со 34 освоени бодови, додека Текстилец е на дното од табелата со само 2 освоени бодови.

Судиска двојка за овој натпревар ќе биде Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје, додека за делегат на натпреварот одреден е Љупчо Јаневски исто така од Скопје.

Натпреварот се игра утре, со почеток од 12:00 часот во салата на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип.

Comments are closed.