По 18. кола во ПМФЛ, Академија Пандев на третото место

Викендот се одигра 18. коло од Првата македонска фудбалска лига, кое воедно е и последно коло за есенскиот дел од сезоната. Колото беше отворено во саботата, со натпреварот во Кравото меѓу Силекс и Академија Пандев. Фудбалерите на Силекс запишаа убедлива победа, откако со 3:1 ги славеа над „Пандевци“. По поразот, „Пандевци“ остануваат на третото место со 27 бодови, исто толку бодови има и Силекс кој е четврти.

Силекс - Академија Пандев - 18. коло ПМФЛ - Кратово 2

Вардар во големото дерби против шампионот Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одигра 2:2. Шкупи на „Чаир“ загуби од Македонија ЃП со резултат од 2:3, додека во Струга, екипите на Струга Трим Лум и Борец ремизираа играјќи 1:1. Најинтересниот и највозбудливиот натпревар беше во Тетово, помеѓу Ренова и Работнички. „Романтичарите“ иако имаа предност од 1:3, сепак на крај загубија со 4:3. Оваа победа за Ренова е многу значајна во борбата за опстанок во ПМФЛ.

Вардар е лидер на табелата со 36 освоени бодови, а со тоа и есенски шампион во ПМФЛ, додека актуелниот шампион Шкендија, есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата со 28 освоени бодови. На третото место е Академија Пандев со 27 бодови, а исто толку бодови има и Силекс кој е четврти. Македонија ЃП со 26 бодови е на петтото место на табелата, додека Струга Трим Лум со 24 бодови се наоѓа на шесттото место. Шкупи со 22 бодови е седми, Борец со 20 бодови е осми, Ренова со 19 бодови е деветта, додека на последното десетто место е Работнички со 15 бодови.

Следува пауза во Првата лига, а пролетниот дел од сезоната ќе започне во средината од месец февруари 2020 година. Пролетниот дел од сезоната Академија Пандев ќе го стартува во Струмица против Шкендија, Вардар против Македонија ЃП, Шкупи ќе го пречека Борец, Струга Трим Лум ќе игра против Работнички, додека Ренова во Тетово ќе игра со Силекс.

Comments are closed.