Минимален триумф на Беласица против Победа

Беласица ја оствари осмата сезонска победа, откако вчера на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со минимална 1:0 беше совладата Победа од Прилеп, во натпревар од 13. коло од Втората лига – Исток.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Беласица со оваа победа се искачува повторно на првото место на табелата со 25 освоени бодови, додека прилепчани остануваат на осмото место со 7 освоени бодови.

Питу Гули на својот терен во Крушево загуби со 0:2 од Каменица Саса, додека Осогово со 1:2 беше поразен од Брегалница. Кожуф беше надигра со 0:2 од Кит Го-Пехчево, додека Тиквеш во Радовиш повторно се „сопна“ и одигра нерешено 1:1.

Во следното коло Беласица ќе гостува кај Каменица Саса, Победа ќе го пречека Кожув, Кит Го-Пехчево ќе биде домаќин на Плачковица од Радовиш, Тиквеш ќе игра во Кавадарци против Осогово, додека Брегалница на домашен терен силите ќе ги одмери со Питу Гули.

 

Comments are closed.