Академија Пандев со реми кај Македонија ЃП

Екипата на Академија Пандев вчера на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, во Скопје одигра нерешено, 0:0.

 

Screenshot_20190818-170644_Chrome

Натпревар без голови со поделени бодови меѓусебе. Двете екипи имаат по 4 освоени бодови, бидејќи во 1. коло, “Пандевци” ја совладаа Шкендија, додека “лавовите” го совладаа Вардар.

Ренова е единствената екипа која има две од две победи, откако вчера на свој терен ја совлада Струга Трим Лум со 2:1.

На табелата по 2. одиграни кола лидер е Ренова со 6 бода, по 4 бода имаат Македонија ЃП и Академија Пандев, по 3 бода имаат Работнички, Струга Трим Лум, Шкупи и Силекс, Борец и Вардар со по еден бод, и засега најголемо изненадување е шампионот Шкендија која е последна без бодови, односно во првите две кола од стартот на шампионатот запиша два порази.

Во следното коло Академија Пандев ќе игра против Борец на домашен терен.

Comments are closed.