Академија Пандев вчера ги започнаа подготовките за квалификациите во Лига Европа

Сениорите на Академија Пандев вчера ги започнаа подготовките за квалификациите во Лига Европа.

Академија Пандев - 08.06.2019 - подготовки за Квалификации за Лига Европа

Тимот ќе се комплетира во наредните денови поради настапи на неколку фудбалери во У-19 и У-21 репрезентациите на Македонија. Првите 10 дена фудбалерите на Академија Пандев ќе тренираат во Струмица, потоа ќе заминат на подготовки во Банско, Бугарија.

Веќе се закажани и првите пријателски натпревари, на 13-ти јуни во Благоевград, Академија Пандев ќе игра против Локомотив Пловдив и на 19-ти јуни против Берое Стара Загора во Банско – Бугарија.

Comments are closed.