ЖФК Тиверија со убедлива победа над ЖФК Топ Гол

Фудбалерките на ЖФК Тиверија од Струмица забележаа убедлива победа над ЖФК Топ Гол од Битола со резултат од 1:4, во натпревар од претпоследното коло од Првата женска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот се играше во Битола, а стрелци на погодоците за ЖФК Тиверија беа Николовска, Димоска, Карпузовска и Бошеска.

Во недела ЖФК Тиверија на домашен терен ќе ја пречека екипата на ЖФК Кочани во натпревар од последното коло, додека заостанатиот натпревар од 21. коло ќе се игра во среда во Тетово со екипата на ЖФК Љуботен.

ЖФК Тиверија е четвртопласирана на табелата со 53 бодови, додека лидер на табелата е Драгон со 72 освоени бодови. На дното од табелата е ЖФК Плачковица од Радовиш, екипа која се уште нема освоено ниту еден бод.

 

Comments are closed.