Работете од дома и бидете продуктивни

Работата од дома има големи предности, но и свои негативни страни. Иако ваквата работа е супер затоа што може да уживате со кафе и во лежерна облека, сепак таа претставува голем предизвик.rabota_doma

Ако сакате да бидете успешни во работата од дома, проследете ги овие неколку совети:

1. Имајте дневна рутина

Важно е да имате рутина и добро е да се будите барем во приближно ист период, ако веќе не можете во исто време секој ден. Така, вашето тело стекнува барем некаква дисциплина, а вие ќе се чувствувате поубаво и поздраво.

2. Облечете се

Знаеме дека е супер предизвикувачки да работите по пижами, легнати во кревет, но верувајте дека правилната облека може да ви донесе мотивација и да ве натера да работите многу посериозно.

Облечете нешто што би го облекле кога би работеле во канцеларија или за излегување.

3. Одберете „канцеларија“

Освен облеката, важно е и каде работите. Да, удобно е во креветот, но големи се шансите да бидете непродуктивни и ништо да не завршите, а дури и да заспиете. Затоа, одберете место во куќата (пример работна маса) каде ќе можете навистина добро да се посветите на обврските и добро да ја обработите работата.

Просторот што ќе го одберете за работа треба да ве потсетува и да стане ваша мала канцеларија каде единствена функција што ќе ја вршите е да работите. Исто така, избегнувајте ја спалната. Веќе знаете зошто.

4. Правете листи

Без разлика дали на телефон, (имате одлични апликации како Wunderlist, или нејзината iPhone верзија, Todoist за Android или Do!) или на ливче хартија, важно е да правите листа на работи што треба да ги направите. Добро е да направите и професионална листа, макар и со само една работа, но и листа за денот или неделата. Тоа ќе ве мотивира подобро и побрзо да ги средувате сите обврски.

Исто така, ако имате премногу обврски, добра идеја е да поставите приоритети. На пример, одберете едно нешто што навистина мора веднаш да го направите и прекријте ги другите активности со самолепливо ливче хартија за да може да се фокусирате само на таа обврска.

5. Правете пауза

Многу е важно да правите паузи, затоа што и 5 -15 минути ќе ве освежат и ќе ви ги наполнат батериите, а тоа значи дека ќе имате многу поголеми можности подобро и побрзо да ја завршите работата.

Паузите можат да бидат толку мали што ќе одите до тоалет, ќе си ја поправите фризурата, ќе ставите кармин или ќе одите до фрижидерот ќе земете нешто за грицкање или ќе се напиете вода.

Некогаш дури можете и подолги паузи да направите така што ќе прочитате неколку страници од вашата омилена книга или ќе погледнете некое видео или ќе прочитате некоја статија. Верувајте дека и тоа е доволно.

Comments are closed.