Оној кој се расфрлал со зборови, подоцна не ќе успее да си ги собере мислите.
Секоја жена си е ковач на сопствената среќа.
Треба само да умее добро со чукот.
Лесно се препознава волкот во јагнешка кожа.
Не пасe трева.
Во светот на животните Човекот е ѕвер.
ЌЕ дојде Nokia, ЌЕ дојде BMW, ЌЕ дојде Carlsberg…
Сите Ќе дојдат, само ние ќе си заминеме.
Перо и Мара си ветија силна, машка љубов.
А потоа Мара испадна педер.
Човековата судбина и неговите желби, чекорат по различни патеки.
Кога човек ќе се изгуби себе си, армија трагачи не ќе можат да го пронајдат.
Comments are closed.