Пет најдобри каракеристики и вештини на секој хороскопски знак…
ОВЕН
- Многу вешто флертувате.
- Адреналинот е вашето второ име и обожавате авантури било да станува збор за љубовта или патувањата.
- Од сите хороскопски знаци, најталентирани сте за пронаоѓање на инвентивни начини за заработка.
- Шопингот е вашето тајно задоволство. Ги следите новите трендови и уживате во модата.
- Вашата спремност за спонтана забава ги привлекува луѓето околу вас.
БИК
- Вашиот поим за луксуз е чаша фино вино и вкусен оброк
- Многу сте великодушни. На пријателот во неволја секогаш ќе му позајмите пари.
- Пријателите го обожаваат вашиот дом. Зошто? Вие сте мајстор за уредување на ентериерот, а вашиот дом е едно убаво и удобно гнездо.
- Во теретана никогаш не се откажувате. Другите ви се восхитуваат колку сила и волја имате.
- Ако на работа нешто треба брзо и ефикасно да се сработи, шефот знае дека вие сте вистинската личност.
[sociallocker]
БЛИЗНАЦИ
- Љубопитноста ве движи. Зависни сте од нови искуства, па марак и тие да се ризични.
- Луѓето вам често ви се доверуваат, бидејќи знаат дека никогаш нема да ги откриете нивните тајни.
- Сакате да се шегувате и да кажувате вицови, а тоа навистина добро ви оди од рака.
- Вашиот моден стил е комбинација од дама и бунтовничка. Ако облечете романтичен фустан, тогаш сигурно ќе го искомбинирате со рокерски чизми.
- Секогаш сакате да научите нешто ново- без оглед на тоа дали станува збор за некој јазик или некој друг курс.
РАК
- Луѓето ве сакаат бидејќи покрај вас се чувствуваат пријатно, а вашата идеа за забава е вечер помината во домашна атмосфера, со голема кутија сладолед и добра комедија.
- Кога им е тешко, пријателите секогаш ви се обраќаат за совет и поддршка бидејќи сте сочувствителни и спремни да ги сослушате.
- Многу сте интуитивни. Не морате некој долго да го познавате за да процените дали некој е искрен или не.
- Имате совршена меморија
- Вие сте голем колекционер
ЛАВ
- Сакате да бидете во центарот на вниманието и да ги покажете своите таленти: било на домашна забава или на караоке. Од ништо не се плашите.
- Кога е во прашање физичката активност, имате челична волја. Дисциплинитани сте и никогаш не прескокнувате ден во теретана. Сакате да ги остварите своите потенцијали.
- На се додавате доза на гламур.
- Познати се по вашата фризура- таа е секогаш беспрекорна.
-Воздржаност е квалитет кој најмногу го цените. Никогаш не би ја изневериле личноста која ја сакате.
ДЕВИЦА
- Имате неверојатно око за детаљи и многу добар вкус. Кога е потребно декорирање на простор или организирање на забава, пријателите секогаш може да се потпрат на вас.
- Амбиција е вашето средно име. Знаете точно што сакате и што треба да направите за да го добиете тоа.
- Пријателите често ве прашуваат за мислење бидејќи во состојба сте објективно да ја согледате ситуацијата и да дадете корисен и мудар совет.
- Секогаш сте педантни и средени.
- Одлично ги проценувате луѓето и нивните намери и тешко е да ве надмудрат.
ВАГА
- Патувања? Вие живеете за нив. Истражување на нови градови и недопрена природа, едрење околу егзотични острови, планинарење… Секогаш сте спремни за авантура.
- Знаете да одберете најубаво вино од листата на вина во ресторан и секогаш го нарачувате.
- Вие секогаш пронаоѓате заеднични јазик со луѓето, без обзир на тоа колку е некој поинаков од вас.
- Кога е работата во прашање, верувате дека е важно да го сакате тоа што го работите. Тука не сте спремни за компромиси.
- Ги следите сите вести и секогаш сте во тел. Нема разговор во кој не можете да учествувате.
ШКОРПИЈА
- Секогаш обрнувате внимание на детаљи кои многу луѓе може да ги превидат, па затоа она што вие го организирате секогаш е генијално.
- Вам кафе не ви потребно бидејќи имате тон енергија.
- Од начинот на кој ги подгризувате усните додека читате службен меил, па до начинот на кој ги нишате колковите додека играте- едноставно се што правите зрачите со сексипил.
- Каде и да се појавите сите ве забележуваат. Имате висока социјална интелегенција, одлично памтите имиња и знаете да се пробивате.
- Одлични сте во кревет. Знаете точно што сакате и не ви е срам да кажете.
СТРЕЛЕЦ
- Некој се дрзна да ви каже дека нешто не можете да направите? Сега ќе види како се поместуваат планини! Вие тоа го можете.
- Во друштво сте омилени бидејќи инстиктивно знаете кога на некој му е потребна вистинска прегратка.
- Во ноќни изглегувања сите сакаат да бидат како вас бидејќи знаете како да се облечете да за бидете секси, но не невкусни.
- На секому можат да му потонат сите бродови- тоа вие никогаш нема да го дозволите.
- Секогаш сте оригинални.
ЈАРЕЦ
- Зградата гори, паника се шири, шефот вика. Нема ништо од тоа што може да ве извади од колосек, бидејќи вие сте секогаш мирни и прибрани.
- Колку и да е болна вистината вие ќе ја кажете. Токму и затоа луѓето во ценат.
- Вашите креативни способности под притисок најдобро доаѓаат до израз.
- Ако заради нешто банкротирате, тоа е заради гаџетите на кои не можете да им одолеете. Мора да ги имате сите.
- Поради чудна смисла за хумор , веднаш може да ви дадат британско државјанство.
ВОДОЛИЈА
- Знаете дека вашиот роденден е гозба за вашите пријатели, бидејќи никој не прави вкусни торти како вие.
- За вас никогаш не може да се каже дека сте како ветар кој дува или камелеон кој се приспособува. Што и да се случи вие останувате верни на себе.
- Познати сте како дружељубива личност која не ги суди луѓето според статусот или изгледот.
- Ве следи репутација дека можете лесно да се претворите од „маче во тигар“.
- Вашата смисла за хумор е малку поинаква од останатите.
РИБИ
- Вие сте личности која верува во бајки и остварување на соништа.
- Сосема е нормално што пријателите ве прашуваат за мислење бидејќи имате непогрешлива интуиција.
- Одлично танцувате.
- Зошто никој не може да сокрие тајна од вас? Го чувствувате тоа „ од километар“.
- Многу сте нежни и сочувствителни.
Comments are closed.