Академија Пандев против второлигашот Тетекс ќе ги одмери силите во Купот на Македонија, во рамките на четвртфиналето.
Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.
Пандевци досега имаат одиграно три натпревари, сите минатата сезона во Втората лига против Тетекс, и сите три натпревари ги имаат добиено: 3:2, 3:0 и 5:1.
Првиот натпревар се игра на 8 ноември, додека реваншот е закажан за 29 ноември.
Comments are closed.