Одбојкарите на Струмица славеа против Пробиштип во финалето од Плејоф серијата за шампионската титула на Македонија.
Во првиот натпревар кој се играше во Струмица, домашните стигнаа до убедлива победа од 3-0, по сетови 33-31,25-13 и 25-19.
Следниот натпревар од серијата се игра утре во Пробиштип.
Во финалето во женска конкуренција, пак, Јанта Волеј славеше против СВСК исто така со 3-0 (25-22,25-13,25-14). Следниот натпревар се игра на 10. мај.
извор: Екипа.мк
Comments are closed.