Во недела се игра 10. коло од Третата лига – Исток

Во недела со почеток од 13:30 часот се играта 10. коло од Третата лига – Исток.

Во Свети Николе ќе се одигра дерби натпреварот на колото, каде ќе гледаме вистинска борба за второто место на табелата. Овче Поле и Плачковица моментално се на дебла на третото место со по 18 бодови. Евентуална победа на некој од клубовите ќе го искачи на второто место и ќе има исто бодови како и Осогово од Кочани, вкупно 21.

Беласица е фаворит и во овој натпревар, каде на „Младост“ во Струмица ќе се обиде да ја врзе деветтата победа во низа.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Работник Џумајлија на домашен терен ќе ја пречека Слога од Виница, додека Тиверија во Струмица е апсолутен фаворит во однос на нивниот противник Конче Бирлик.

Брегалница во Делчево ќе го пречека Напредок од Радово. Победата е значајна за двата клуба бидејќи, со трите нови бода борбата за некое од погорните места на табелата ќе продолжи.

Рудар во Пробиштип ќе го пречека Малеш од Берово, каде ќе се обидат домаќините да ја остварат својата прва долго посакува победа, но дали ќе успеа да го победат беровскиот клуб останува да видиме.

Василево на „Цар Самуил“ е домаќин на Кит-Го од Пехчево.

Comments are closed.