Одржана дводневна обука на тема ,,Брендирање” во Кукуш, Грција

Општина Струмица продолжува интензивно да ги спроведува активностите од проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К”, финансиран од ЕУ, кој има за цел да создаде поволни услови за соработка, вмрежување и економски развој на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш. OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Во рамките на овој проект, во периодот од 24ти до 25ти Октомври 2016 година во Кукуш (Грција), се одржа дводневна обука на тема ,,Брендирање”, која имаше за цел јакнење на капацитетите и зголемување на свеста кај постоечките и потенцијалните бизнис производители и даватели на услуги, локалните и регионални власти, организации и институции за поддршка на бизнис секторот од општина Струмица, општина Кичево и подрачната единица Кукуш. OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Учесниците на оваа обука имаа можност да стекнат нови искуства, знаења и примена на најдобри практики во врска со темата ,,Брендирање” односно создавање на успешен бренд, дефинирање на целите на брендот, важноста и придобивките од имањето на брендирани производи, фокусирање кон целната група и комуникација со клиентите, откривање и надминување на потенцијалните бариери, управување со брендот, карактеристики на брендираниот производ, критериуми и стандарди за брендирање и слично, кои ќе можат да ги применат во сферата на своето работење.OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Со оглед на фактот дека учесниците на обуката беа од различни етникуми, се создадоа услови за мултиетничко поврзување и соработка на деловните субјекти од целните групи во рамките на проектот и сето тоа во насока на создавање на поволна бизнис клима, зајакната меѓусоседска соработка, како и подобрена мултиетничка интеграција.
Проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К” се спроведува од страна на три проектни партнери и тоа: општина Струмица и општина Кичево од Р. Македонија и подрачната единица Кукуш од Р. Грција.
На обуката присуствуваа вкупно 30 учесници односно по 10 претставници од сите проектни партнери.
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Comments are closed.