ФК Василево на десеттото место во Третата лига – Исток

Фудбалерите на Василево по осмото коло се пласирани на десеттото место на табелата во Третата лига – Исток со 7 освоени бодови.

Василево во досегашниот тек од лигата има забележано две победи, едно реми и четири порази, при што фудбалерите на клубот од Василево постигнале 8 погоди а примиле дури 20.

FK Vasilevo 4

Во недела Василево ќе има тежок натпревар на својот „Цар Самуил“ го пречекува Овче Поле од Свети Николе, клуб кој што е во одлична форма, а тоа го докажа и минатата сезона и го докажува и во текот на оваа сезона.

Потоа Василево ќе игра против Кит-Го Пехчево каде има реални шанси за победа или реми. Доколку фудбалерите на Василево остварат победа над Кит-Го тогаш тоа ќе бидат за нив три значајни бода и ќе се борат за некое место од средниот дел на табелата.

 

Comments are closed.