Дали гробот на Александар Македонски е на планината Беласица, како што кажува една струмичка легенда?

„Сакам патот кон мојот гроб да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме, тука и ќе остане! Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наjскапото што го имаме – времето!’’ – наводно ова се зборовите на Александар Македонски упатени кон генералите кога почувствувал дека е на прагот на смртта.

Иако поминаа многу векови од смртта на големиот освојувач и војсководец, легендите за неговото неоткриено гробно место и богатството што го сокрива, и денеска ја скокотка човечката фантазија.

И помеѓу струмичани кои ги сакат ваквите приказни, можете да слушнете една легенда која кажува дека вечното почивалиште на Александар Македонски се наоѓа во планината Беласица, сокриено во пештера.

Како би се полесно пронашол гробното место, уметници, по погребот, имале задача да во близина на пештерата на различни камења исклесат знаци карактеристични за периодот на Александровото владеење– шеснаестокрако сонце, риба, коза и лавови, а во пештерата – орел во лет кој фаќа зајак.

Среќниот пронаоѓач, како што вели легендата, би го нашол саркофагот на Александар Македонски и вредни предмети кои наводно биле закопани со него.

Comments are closed.