Совети од оптика „Цајс’’: Зошто доаѓа до заматен вид и кoи се решенијата за овој проблем?

Рефрактивните проблеми се најчеста причина поради кои се посетува офталолог или оптометрист. Но, што всушност значи кога кажуваме дека видот ни е заматен поради рефрактивен проблем?
Рефрактивните грешки, всушност, претставуваат неправилно прекршување на зраците во окото со што се оневозможува зраците да се фокусираат во правилната точка, а со тоа се создава заматен вид. Основните рефрактивни грешки се делата на миопија, хиперопија и астигматизам.
Способоста на окото да ги фокусира зраците на ретината воглавно се должи на три главни анатомски структури, а тоа се: должината на окото, кривината на корнеата и кривината на леќата во внатрешноста на окото.
Еметропно око е онаа око кај кое паралелните зраци кои доаѓаат од бесконечност се формираат на ретината. Во сите други случаи окото е аметропно. Еметропното око гледа јасно на сите растојанија.

Capture

Доколку окото е подолго од нормалното токаш се појавува миопија или кратковидост. Доколку окото е поркратко од нормалното тогаш има хиперопија или далековидост.

Доколку корнета има неправилна форма се појавува астигматизам кој може да биде поврзан со миопија или хиперопија.

Рефрактивни проблеми. Ова се однесува на кратковидост, далековидост и астигматизам. Рефрактивните проблеми се “корегираат” со наочари, контактни леќи или рефрактивна хирургија.

Хиперопија или далековидост е честа појава и зафаќа речиси четвртина од популацијата. Луѓето со хиперопија можат да ги гледаат јасно предметите на далеку, но имаат проблем да ги фокусираат предметите кои се наоѓаат на блиску. Луѓето со хиперопија понекогаш имаат главоболка и чуствуваат замор на очите при подолга работа на блиску. Доколку ги чуствувате овие проблеми а веќе носите наочари или контактни леќи, најдобро е да направите прглед на очите и можеби ќе треба да се промени диоптријата.

Хиперопијата настанува кога зраците кој влегуваат во окото се фокусираат позади ретината.  Тоа настанува поради послаба прекршувачка јачина на окото или поради помали димензии на окото во споредба со нормалното око.

Хиперопијата може да се корегира со наочари или контактни леќии и на тој начин се променува правецот на зраците па тие се фокусираат на ретината. Хиперопијата се корегира со позитивни офталмички стакла или контактни леќи.

Capture

Миопијата или кратковидост е најчест рефрактивен проблем на окото. Луѓето со миопија можат да ги гледаат јасно предметите на блиску и немаат проблем при  читање или работа на компјутер , но имаат проблем да ги фокусираат предметите кои се наоѓаат на далеку. Луѓето кои имаат миопија можат да осетат главоболка или замор на очите при возење. Доколку ги чуствувате овие проблеми а веќе носите наочари или контактни леќи, најдобро е да направите прглед на очите и можеби ќе треба да се промени диоптријата.

Миопијата настанува кога зраците кои влегуваат во окото се фокусираат пред ретината, а тоа настанува поради поголеми димензии на окото или појако прекршување на зраците во однос на нормалното око.

Миопијата може да се корегира со наочари, контактни леќи или рефрактивна хирургија. За корекција на миопијата се користат негативни офталмички стакла или контактни леќи.

Capture

Астигматизмот исто како и миопијата и хиперопијата претставува рефрактивен проблем. За разлика од другите рефрактивни проблеми кај астигматизмот не се формира еден фокус, туку се формираат повеќе фокуси кои можат да се наоѓаат пред или зад ретината. Астигматизмот придонесува видот да е заматен  на сите растојанија. Најчесто астигматизмот се појавува поради неправилна форма на корнеата, а понекогаш се појавува и поради неправилна форма на леќата внатре во окото.

Постојат неколку типови на стигматизми:

-          Миопичен астигматизам

-          Хиперопичен астигматизам

-          Мешан астигматизам

Астигматизмот може да се корегира со наочари, контактни леќи или рефрактивна хирургија. Астигматизмот се корегира со цилиндрични стакла или контактни леќи.

 

Capture

Презбиопијата се појавува после четриесетата година. Тоа настанува бидејки природната леќа ја губи способноста да акомодира и видот на блиску се заматува. Луѓето кај кој се појавува презбиопијата имаат потреба да ја држат книгата, весникот или списанието на поголемо растојание за да може да фокусираат. За разлика од другите рефрактивни проблеми презбиопијата не е поврзена со голмината на окото или формата на корнеата туку се појавува поради возраста. За корекција на презбиопијата може да се користат наочари монофокални, бифокални или мултифокални или мултифокални контактни леќи.

Capture

   Оптометрист

Кире Црвен-Мицев

———————————————————————————————————————————————————-

10451329_645019532281295_265596210603460080_n (1)

КОМПЈУТЕРСКО ОДРЕДУВАЊЕ НА ДИОПТРИЈА ЗА НАОЧАРИ И КОНТАКТНИ ЛЕЌИ.

ОДРЕДУВАЊЕ НА СИТЕ ВИДОВИ КОНТАКТНИ ЛЕЌИ: СФЕРИЧНИ, ТОРИЧНИ И ЛЕЌИ ЗА КЕРАТОКОНУС.

Локација: Бул. Маршал Тито бр.5, Струмица

 

 

Comments are closed.