Градоначалникот Заев:Со промените во образованието ќе понудиме вистинско учење наместо трка по оценки и тестирање

Со громогласен аплауз првачињата од основните општински училишта го поздравија градоначалникот Зоран Заев, денеска, во центарот за култура „Антон Панов“ на нивниот прием во Детската организација.14523063_1082127921840637_8268568365052299636_n

Заедно го споделија овој прекрасен момент упатувајќи си искрени ветувања, првачињата дека ќе бидат вредни ученици, а Градоначалникот дека тој и општина Струмица како и досега вистински ќе се грижат за условите во кои ќе се одвива нивниот воспитно – образовен процес. Тој во своето обраќање потенцираше дека ќе се залага за промени во образованието кои ќе значат вистинско учење и знаење на децата, наместо трка по оценки и тестирање, тоа, рече тој, е образование кое креира знаење, љубов кон учењето, вештини и учење за животот.14572244_1082127998507296_6742422326550914077_n

-Вие децата сте нашата гордост и нашата радост. Вие децата сте иднината на општина Струмица и иднината на Република Македонија. Потрудете се да бидете добри деца и добри ученици, за да ги оправдате тие очекувања на заедницата и општеството. Вие ќе бидете идните лекари, инжинери, архитекти, професори, работници. Од Вас ќе зависи понатамошниот развој на општината и татковината. Нам возрасните, ни останува задачата да ви создадеме амбиент кој го заслужувате, за да го надградувате тоа што ќе ви го оставиме во наследство. Притоа, треба да бидете умни и мудри за да го изберете вистинскиот пат по кој ќе се движите во Вашите животи. Одредете ја Вашата цел и стремете се да стигнете на најдобар начин до неа, за да бидете горди дека сте успеале во животот. Движејќи се по тој пат, од светот на децата кон светот на возрасните, треба да знаете да извлекувте полза од своите и туѓите добри дела, но и од своите и туѓите грешки. На тој начин ќе знаете да направите разлика меѓу доброто и злото, меѓу убавото и грдото, меѓу светлината и мракот, меѓу сонот и јавето. Трудете се вашите убави соништа да ги претворите во уште поубаво јаве, за да бидете среќни, задоволни и исполнети со себе. Но не заборавајте секогаш да ја подадете Вашата рака на оној на кој му е потребна. Бидете другари и пријатели, бидете хумани и милосрдни, бидете луѓе во вистинската смисла на зборот. А дотогаш, бидете деца и уживајте во Вашето детство, затоа што детството е еден од најубавите периоди во животот на еден човек. Почитувајте го мислењето на Вашите родители и наставници, но не плашете се слободно да го изразите и Вашето мислење. Едно од Вашите права е токму тоа. Притоа, направете убав спој помеѓу обврските во училиштето и детските игри и радости, бидејќи Вам ви е потребно и едното и другото. Тоа ви го велам јас, човекот кој ги почитува и сака децата, човекот кој некогаш и самиот беше дете, човекот кој се залага за вистински промени во образованието. Дел од тие промени се во насока на помали паралелки и описно оценување до шесто одделение. Тоа е вовед во вистинско учење и знаење на нашите деца, наместо трка по оценки и тестирање. Тоа е образование кое креира знаење, љубов кон учењето, вештини и учење за животот, рече градоначалникот Заев.14523205_1082127925173970_3049620268091283459_n 14520516_1082127928507303_3653911404050768955_n 14520553_1082127995173963_6250020795965404882_n 14484749_1082128241840605_6309694640020131169_n

Comments are closed.