Китанов: Го имаме најефтиниот приклочок на гасоводната мрежа на Балканот и да го искористиме тој благодет

Директорот на јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“, Зоран Китанов, денеска, апелираше до граѓаните да го искористат намалувањето на цената на приклучокот на гасоводниот систем за да ги ползуваат благодетите од гасот како природен, чист и најефтин енергенс.14433059_1070607119659384_6746410135492088552_n

-Во понеделникот на седница на Советот добивме нова цена за приклучок. Сакам да објаснам, значи поранешната цена која што беше субвенционирана од општината изнесуваше 560 евра, сега во преговорите со добавувачот успеавме таа цена да ја намалиме за 100 евра, значи од 700 падна на 600, но и општината продолжи со субвенционирање уште за 100 евра и сега новиот приклучок во општина Струмица комплетно завршен ќе чини 500 евра и одговорно ви тврдам дека тоа е најефтиниот приклучок на Балканот што постои. Заедно со интензитетот на намалување на цената на гас кој што го имавме во последните 15 месеци, и со ова намалување на приклучокот, дефинитивно, гасот е најисплатлив енергенс за домаќинствата и воедно повторно ги повикувам граѓаните и домаќинствата кои што се наоѓаат непосредно до гасоводната мрежа која веќе го има својот 26-ти километар во градот, да дојдат за да можат да го користат овој благодет, рече Китанов.14355684_1070607162992713_3777405429379977336_n

На денешната средба со новинарите, тој информираше и за новите делници и приклочоци на гасоводната мрежа во градот.

-Привршуваме со една делница која што ни беше посебно проблематична, значи по завршувањето на делницата кај улицата „Иљо Шопов“ се префрливме на делот од киното до џамијата, кој што беше исто така проблематичен за работа, посебно околу џамијата и е завршен, останува да се изврши испитување, а таму веќе ги имаме и неколкуте приклучоци, што значи на барање на граѓаните го правевме тој дел, сега во наредниот период ќе вратиме се во првобитна состојба и им благодарам на граѓаните од тој дел што беа стрпливи, но се работеше за нивни добро и ќе биде вратено се како што беше претходно. Другата убава работа е новата мерна регулаторна станица на индустрискиот комплекс „Агро комерц“ кој што е најголем приватен индустриски комплекс како потрошувач на гас што е приклучен на линијата на Струмица гас и има станица Г – 60 со капацитет од 256 метри кубни на час, и тоа е голем благодет за самиот корисник и тој повеќе нема да ја загадува околината, затоа што ќе користи природен и чист енергенс, додаде Китанов.

Comments are closed.