Градоначалникот Заев: Време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО

Општина Струмица, денеска, го одбележа Денот на независноста на Република Македонија. Пригодната свеченост се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад, пред кој свежо цвеќе положија градоначалникот Зоран Заев, претставници на Советот на општина Струмица, јавни институции, политички партии и здруженија. Зборувајќи за значењето на овој историски ден за Република Македонија, градоначалникот Заев порача дека време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО.

-Денес Македонија слави значаен јубилеј – 25 години од својата самостојност. Треба да сме среќни и горди на тој јубилеј, но треба и да се подзамислиме дали Македонија доживеа вистински развој за овие 25 години. Време е да го воскреснеме култното прашање на Крсте Петков Мисирков – „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за напрет.“ Ако одговориме дека доволно сме направиле за Македонија, тогаш го лажеме и народот, но се лажеме и самите себе. Македонија не можеме да ја излажеме. Таа знае колку доби од она што го заслужи. Но затоа, можеме по вториот дел од прашањето, да бидеме поодговорни, посериозни и поангажирани и да направиме многу за Македонија и за сите луѓе кои живеат во неа. Тоа ќе го сториме, само ако ги поправиме грешките од минатото и денес. Тоа ќе го сториме, само ако вистински си ја сакаме татковината. Време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО. Само така самостојноста на државата ќе ја славиме среќни за вечни времиња. Нека ни е честит денот денешен. Нека ни е вековита Република Македонија и нејзината самостојност, рече градоначалникот Заев.

Во чест на Денот на независноста, членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа мал митинг на револуционерна поезија.14192173_1060176597369103_9077411352415199443_n 14202765_1060176977369065_6730807924629731279_n 14222099_1060176757369087_7834063085482094086_n 14233180_1060176810702415_1510709633970409874_n 14233230_1060176984035731_317938780109917628_n 14237663_1060176584035771_6586249499221857312_n (1) 14238317_1060176904035739_3549771003057179340_n 14264181_1060177024035727_4762151081425941947_n

Comments are closed.