Царовска: И бебиња во Струмица страдаат од тендер здравството на Тодоров и Груевски!

Изјава за медиуми,
Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
06.09.2016

100.000 граѓани од општина Струмица сами купуваат инјекции, инфузии и лекови. Не можат да добијат точна лекарска дијагноза поради расипаните медицински апарати. Катастрофална е состојбата овде во Здравствениот дом, што власта на Груевски со години ветува дека ќе го обнови.

Каде е ветената доградба на болницата лично од Груевски од пред 4 години?

Каде е новиот модерно опремен крак најавен од Груевски и Тодоров?

Ги нема!

Најстрашно е што во транспортното болничко возило, тешко болните граѓани се превезуваат до клиничките центри во импровизирани услови. Нема дури ни транспортен инкубатор за влошена здравствена состојба на бебиња!

Никола Груевски и Никола Тодоров со тендер политиките ги загрозија животите на пациентите, професионалните услови за работа на лекарите и го урнисаа здравствениот систем. За ова ќе се соочат со сопствената одговорност и тие и нивните соработници.

По 11 декември доаѓа одговорна Влада којашто ќе го крене на нозе уништеното јавно здравство и ќе овозможи соодветна здравствена заштита за сите граѓаните.
Наш приоритет се потребите на граѓаните. – изјави Мила Цароска на денешната прес конференција.

 

 

Comments are closed.