Во Струмица блесна петтото издание на проектот Струмица ОПЕН Фестивал на здружението „Културен забавен живот КЗЖ Струмица“ кое прераснува во најголема летна културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во Македонија.
Во текот на деветте фестивалски денови, 6-14 август, нашиот град заживеа со посебен дух кој го носат младите – организатори на сите настани. Овој македонски бренд станува гордост на струмичани и омилена локација на мапата со обележан датум на календарот на многу гости од цела Македонија и дијаспората.
Од танцови работилници, детски фестивал, хип хоп револуција, акустична романтика, трка на келнери, стенд ап шоу, афоризми, фолклор, поезија и уметност до големи музички концерти на македонски, балкански и светски музичари од сите жанрови.
Изданието број 5 беше одржано во 9 дена со 15 музички ѕвезди на 25 настани на кои присуствуваа 120.000 среќни и весели посетители.
Константните позитивни резултати кон градење и дистрибуција на култура преку разновидна програма за сите возрасти се наш голем поттик за идни поголеми остварувања. Се надеваме дека заедно ќе продолжиме да градиме фестивал во кој ќе ужива и ќе се гордее цела Струмица. – велат организаторите на СОФ
Comments are closed.