На првиот ден од новата учебна годнина градоначалникот Зоран Заев им се обрати на струмичките првоооделенци

За учениците од деветте основни и трите средни училишта во општина Струмица , како и за сите нивни врсници во државата, денес започна новата учебна година. 1 –ви Септември беше посебно доживување за околу 550 првооделенци од општината , кои денес за прв пат седнаа на училишните клупи. Во нивна чест, денес пред домот на АРМ се одржа пригодна свеченост со културно- уметничка програма , а на првооделенците им се обрати градоначалникот на општина Струмица , Зоран Заев .14141615_1054469377939825_9179754642488079900_n
Во своето обраќање градоначалникот Заев меѓу другото истакна :
„ Драги првооделенци , овој денешен ден , овој Први септември е Ваш ден, ден кога го исчекорувате првиот чекор од долгиот но многу интересен пат на Вашето образование. Тоа е патот кој води до конечната цел, да се биде човек за респект, да се биде почитуван дел од нашата заедница и општество. Дали ќе успеете во тоа , зависи од Вас.. Денеска срцата на 550 дечиња од општина Струмица, бијат силно поради Први септември , како нивен прв училишен ден во животот.
Драги првооделенци, срцето на секој од Вас е дел од тие 550 детски срца. Тоа значи дека не сте сами. Ве уверувам дека таа возбуда ја чувствувам и јас, па имајте на ум дека и моето срце силно бие од среќа за сите Вас. Нека ни е честит првиот училишен ден. Ви посакувам да имате успех во учењето и среќно и безгрижно детство. Да сте ми живи, здрави и успешни првооделенци “.14225349_1054469574606472_1109717681924411175_n 14222083_1054469374606492_9042068381783883589_n 14212604_1054469534606476_3340608423957643849_n 14199233_1054469687939794_3515037478400153354_n 14142055_1054469791273117_1822205034014917394_n 14079544_1054469417939821_9213731924524587077_n 14100288_1054469381273158_6747634112118517585_n 14102571_1054469804606449_3147354171372465023_n

Comments are closed.