Граѓаните од „Бетовенова “ добиваат комунална инфраструктура

Горливите проблеми од немањето комунална инфраструктура на улицата „Бетовенова “, за граѓаните кои живеат на оваа улица , наскоро ќе станат минато. Имено, согласно програмата на Општина Струмица, ЈКПД „Комуналец „ веќе ги заврши активностите за поставување на водоводна линија, фекална и атмосферска канализација на оваа улица, која од нејзиниот долен дел води кон „Турските гробишта “. Според изјавата на Андреј Тошев , раководител на работната единица за проектирање, надзор и контрола при ЈКПД „Комуналец“ , 14102600_1054496404603789_3765956366678079540_n„Бетовенова “ добива водоводна линија од 416 метри, фекална канализација во должина од 417 метри и атмосферска канализација од 112 метри, заедно со пропратните елементи , како што се ревизиони шахти и атмосферски сливници. Продолжуваат работите на приклучна комунална инфраструктурна мрежа која ќе овозможи приклучување на водоводната и канализационата мрежа, на сите семејства кои живеат во овој дел на градот. Со овие активности се создаваат услови за тампонирање и бетонирање на улицата , во должина од 335 метри, за што Општина Струмица веќе ги започна неопходните процедури.14233015_1054496277937135_6788378781964449763_n 14199432_1054496407937122_8860976041585243725_n 14183835_1054496274603802_1351226580950904836_n

Comments are closed.