„Струмица опен фестивал“ го имаше најдоброто издание во петгодишното постоење

„Струмица опен фестивал“ годинава го имаше најуспешното издание досега, вакава е оценката на тимот, кој што со голем ентузијазам учествуваше во подготовките и реализацијата на оваа најголема манифестација. 13907087_1041460492574047_6623203848490039534_nВо негово име, задоволството со јавноста го сподели Петар Божинов на прес конференцијата која што се одржа синоќа во центарот за култура „Антон Панов“. По успешно завршеното петто јубилејно издание, членовите на тимот, поддржувачите на фестивалот и претставниците на медиумите се почестија со голема торта, се дружеа и заедно го споделуваа задоволството од одлично завршената работа.13938593_1041460489240714_111861962141242865_n

-По завршувањето на петтото јубилејно издание на „Струмица опен фестивал“ со задоволство сакам, прво, да ви се заблагодарам на вас, медиумите, кои што бевте со нас во изминатите 5-6 месеци додека се подготвуваше фестивалот, да се заблагодарам на целиот тим кој што упорно работеше и тоа со голем ентузијазам во овој временски период и се надевам дека го постигнавме ефектот кој што го замисливме уште на самиот старт и со задоволство можам да кажам дека овој е најупешниот фестивал кој што го имаме организирано досега. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите поддржувачи на „Струмица опен фестивал“. 14039896_1041460605907369_506707875015496233_nМислам дека со сите настани кои што се случуваа на повеќе локации во градскиот парк и со тоа што се случуваше последните вечери на градскиот плоштад, направивме една добра забава и организиравме добар фестивал кој што на сите нас ќе ни остане во сеќавање, се надевам дека сите добро си поминавме и очекуваме идната година да организираме исто така успешен фестивал. Целиот овој период колку што траеше фестивалот, го надминавме бројот од над 120 илјади посетители и мислам дека е задоволително и според сите реакции кои што ги добивме од сите медиуми и надвор од Струмица, станува збор за еден од најуспешните фестивали во Македонија, рече Божинов.14067463_1041460602574036_4826281574885059334_n

Comments are closed.