Од утре стартува петтиот „Струмица опен фестивал“.

Во организација на граѓанското здружение „Културно – забавен живот“, од утре до 14. август, ќе се одржи јубилејното, петто по ред издание на „Струмица опен фестивал“.

13925352_1034077946645635_2452867289008668672_nВо деветте фестивалски денови, на различни локации во градот, граѓаните на општина Струмица, но и од другите соседни општини ќе имаат можност да проследат дваесеттина културни, забавни и музички содржини. Разновидноста на програмата која е наменета за сите вкусови и генерации, а е плод на ентузијазмот и ангажманот на младите струмичани со вклучување на четириесеттина волонтери од „Младински совет“, го прави овој фестивал различен од останатите фестивали во државата. Трите последни денови од „Струмица опен фестивал“ ќе понудат богата програма од различни музички жанрови во која ќе настапат еминентни музички имиња од земјата и странство.

Како и во претходните четири изданија, „Струмица опен фестивал“ и годинава ќе се одржи под покровителство на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Советот на општина Струмица.
По повод утрешниот почеток на „Струмица опен фестивал“, денес во просториите на „Младински совет“ се одржа прес конференција.

Comments are closed.