Почитувани пријатели, oстанаа само уште 3, однодно 4 денови до двете најубави вечери под отворено небо, до двата големи концерти кои ќе се случуваат во Струмица односно на стадион “Кукуш” с.Турново. 28 јули,
Четврток, ни гостува српската и балканска фолк дива, неповторливата Светлана ЦЕЦА Ражнатовиќ, додека наредниот ден 29 јули, петок, свој концерт ќе одржи кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ. Како предгрупа на двата концерти ќе се појават дечките од популарниот македонски бенд – Браво Бенд.
На три денови до двата големи концерти менаџерскиот тим на PLATINUM CLUB односно тимот кој ги организира концертите, ги информира сите гости дека се преземени сите потребни мерки за нивна безбедност и сигурност.
Обезбедени се повеќе од 35 000 метри квадратни површина за паркинг простор, и тоа: – Плац од 12 000 метри квадратни до бензинската станица во с.Турново – Плац од 4 000 метри квадратни до стадион “Кукуш” с. Турново – Плац од 5 000 метри квадратни на Здружение на возачи, веднаш до стадион “Кукуш” – Плац од 4 000 метри квадратни на магацин “Иво” на 300 метри од стадион “Кукуш” – Плац од 6 000 метри квадратни на Домот на културата во с.Турново – Плац од 4 000 метри квадратни на уличиштето во с.Турново Сите паркинг места ќе бидат бесплатни, соодветно обележени и осветлени и ќе бидат ангажирани луѓе кои ќе се грижат за безбедноста и редот на возилата на сите паркинг места.
Со тоа се задоволуваат потребите на сите гости од земјата и странство кои на 28 и 29 јули ќе бидат дел од големите концертни сепактакли.
Comments are closed.