Свикана 42-та седница на Советот на општина Струмица

Во петок, 22.07 .2016  во Домот на АРМ во Струмица ќе се одржи 42-та седница на Советот на општина Струмица. Седницата ќе започне во 11 часот. Во продолжение погледнете го дневниот ред на седницата:425777_313235672063203_317407608_n1-640x4601

  1. Предлог-Одлука за измена и дополнување  на Буџет на Општина Струмица за 2016 година;
  2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата  за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2016 година;
  3. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата  за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2016 година;
  4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2016  година;
  5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2016 година;

 

  1. Предлог –Програма  за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за дел од блок 14, Урбана единица 2 во Струмица, општина Струмица 2015 – 2020;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2129,  2130/1 и 2127 КО Струмица;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3015/1 КО Банско;

10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3016 и 3015/4 КО Банско; и

11. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година.

Comments are closed.