Повик за обука за „Изработка на професионална биографија, мотивациско писмо и подготовка за интервју за работа или за прием на факултет“.

Центарот на заедницата на општина Струмица објавува повик за обука за неформално образование на тема „Изработка на професионална биографија, мотивациско писмо и подготовка за интервју за работа или за прием на факултет“.

Обуката ќе се одржи на 27 јули 2016 г. во хотел „Есперанто“ – Струмица, од 9 до 17 ч.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до петок, 23 јули 2016 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail: mimi.nikolikj@ccstrumica.mk.

Пријавата може да се преземе од официјалната web-страна на Центарот на заедницата на општина Струмица: www.ccstrumica.mk.

Повеќе информации може да прочитате на следниов линк: http://ccstrumica.mk/obuka-za-izrabotka-na-profesionalna-biografija-motivatsisko-pismo-i-podgotovka-za-intervju-za-rabota-ili-za-priem-na-fakultet/

Comments are closed.