Директорите на ЈП за паркинзи на Гостивар, Центар и Куманово во работна посета на Струмица

Вработените во јавните претпријатија „Паркинзи на општина Центар” од Скопје со раководниот тим и директорот Саша Богдановиќ, на „Куманово Паркинг” од Куманово и директорот Фадиљ Шабани, на „Градски паркинг и зеленило” од Гостивар со директорот Меметали Емро и на „Паркиралишта Струмица“ со директорот Верица Узунова, остварија работна средба во домот на АРМ во Струмица.

4 (15) На средбата се дефинираа следните чекори во делувањето преку асоцијацијата чија иницијатива за формирање беше отпочната за прв пат во Скопје минатиот месец.

Дополнително на состанокот беа дефинирани и работни групи на ниво на четирите јавни претпријатија со соодветни задолженија за понатамошното делување во подобрување на квалитетот на паркинг услугите, но и полесно справување со предизвиците кои ги носи современиот начин на живот, а се однесуваат на безбедноста на сообраќајот во мирување.1 (34)

Comments are closed.