ОО СДСМ Струмица: Нов арач за граѓаните на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ се спроведува овие денови

Прес конференција на ОО СДСМ Струмица

Интегрален текст:DSC_8461 (1)

Додека граѓаните секојдневно се повеќе осиромашуваат поради промашените економски и криминални политики на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ спроведува нов арач.

Незаситната желба да располагаат со парите на граѓаните одат дотаму што секој ден измислуваат нови начини како да извлечат се повеќе пари од граѓаните за нивните мегаломански желби со неконтролирано трошење на народните пари.

Нов арач за граѓаните на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ се спроведува овие денови.

Неколку стотици граѓани на Струмица добиле решенија за парична казна од Управата за јавни приходи од најмалку 100 евра, поради тоа што наводно не пријавиле остварен приход.

Без опомена, без можност за исправка и тоа за прв пат годинава. Граѓаните кои добиле вакви решенија се гневни и револтирани, и со право реагираат за однесувањето на ненаситна власт за народни пари.

Зошто ова не важеше во изминативе години?

Ова е класичен арач, преку којшто криминалната власт измислува начини како да граба од нивниот џеп.

Без опомена и без претходно да им каже за новата обврска за криминалната власт граба нови илјадници евра и тоа само од граѓаните на Струмица.

Економското злосторство што оваа власт го врши врз граѓаните на Македонија ќе биде казнето.  Ќе бидат казнети Груевски и ВМРО ДПМНЕ заради кои со најавеното издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра,  јавниот долг ќе достигне рекорден износ од над 5 милијарди евра или 54 насто од БДП. Ќе бидат казнети и за секојдневниот арач за граѓаните.

 

По демократските промени, одговорност за криминалот ќе има, а сите украдени пари ќе се вратат назад кон граѓаните.

Comments are closed.